„Амарок“ – возило-волк пристигна во Македонија

Bez autora
Jun 08 2011

Долг е 5,25 метри и има ниска потрошувачка од само 7,5 литри гориво. „Амарок“ е направен така за да се справи во различни услови и да стигне на местата каде што другите возила не можат да стигнат. Името „амарок“ потекнува од древниот јазик на Инуитите и значи „волк“. „Амарок“ е првиот четирипогонски пикап во својата класа, со високо напреден турбодизел-мотор. Покрај својот комфор и луксузен ентериер, „амарок“ нуди високо ниво на безбедност. Бројните поволности, како климатскиот воздушен регулатор, кожените седишта го прават патувањето како никогаш досега. „Амарок“ е првиот европски теренец, тој е единствено официјално возило за придружба и поддршка на релито Дакар за 2010 и за 2011 година, а истовремено е и најдобро интернационално теренско возило во 2011 година избрано од страна на претставници на 23 земји.

„Амарок“ – возило-волк пристигна во МакедонијаДолг е 5,25 метри и има ниска потрошувачка од само 7,5 литри гориво. „Амарок“ е направен така за да се справи во различни услови и да стигне на местата каде што другите возила не можат да стигнат.

Името „амарок“ потекнува од древниот јазик на Инуитите и значи „волк“. „Амарок“ е првиот четирипогонски пикап во својата класа, со високо напреден турбодизел-мотор. Покрај својот комфор и луксузен ентериер, „амарок“ нуди високо ниво на безбедност. Бројните поволности, како климатскиот воздушен регулатор, кожените седишта го прават патувањето како никогаш досега.

“’Амарок‘ е првиот европски теренец, тој е единствено официјално возило за придружба и поддршка на релито Дакар за 2010 и за 2011 година, а истовремено е и најдобро интернационално теренско возило во 2011 година избрано од страна на претставници на 23 земји. „Амарок“ е нов тренд сетер меѓу теренците. Софистициран и ефикасен со моќни мотори, „амарок“ се издвојува од конкурентите по својот импресивен квалитет и прецизност во изработката, тој е прв во класата пикапи што може да пренесе товар од 1.000 килограми што го прави конкурентен и за бизнис-потреби. Вистински избор за сите авантуристи што сакаат да ги скротат и најдивите предели“, изјави Златко Муцунски, прв човек на „Порше Македонија“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik